Калин Ивановски поразен во четвртфиналето на Вимблдон

Калин Ивановски е поразен од Шпанецот, Педро Роденас на Вимблдон., и не успеа да стигне до полуфинале.

Педро Роденас запиша победа со 2-1, по сетови 3-6, 7-6 и 6-4. Ивановски и покрај поразот не разочара на Вимблдон, тој на неофицијалното светско првенство во тенис го запиша годинава најдобриот резултат во кариерата.

Ивановски одлично го одигра првиот сет и го доби со 6-3, најави победа, но потклекна во следните два.