Камера пловела 250 км по морско дно, а потоа го најде патот до сопственичката на неверојатен начин

Кога 11 годишно момче од Тајван пронашло на плажа необичен предмет за кој не знаел што е, не ни помислувал дека некому ќе му донесе среќа и спомен за кои мислел дека засекогаш се изгубени.

Се работи за камера која била прекриена со школки и морски алги што повеќе личела на камен изваден од големите морски длабочини.

Се почнало така што децата со учителката поминале ден во природа, односно во чистење на плажи.


„Кога сфативме што е во прашање, помисливме дека сигурно е расипана, а потоа случајно го откривме копчето за отворање на заштитна фотрола. За некое чудо, ниту капка вода не влегла внатре. Меѓутоа, она што е целосно неверојатно е тоа што батеријата на камерата била уште наполнета“, рекла учителката од Тајван Парк Ли.


Потоа во школото одлучиле да се обидат да го најдат сопственикот. Иако најпрво се двоумеле дали е во ред да ги отворат фотографиите и да видат што е на нив, сфатиле дека тоа е единствен начин да дојдат до сопственикот.

Со оглед на тоа дека некои слики биле од Јапонија, одлучиле фотографиите од камерата да ги постават на социјалните мрежи со порака на два јазика: кинески и јапонски.

За неверојатно кратко време фотографијата се проширила на социјалните мрежи и имала повеќе од 10 000 споделувања. Тоа било сигурен пат до сопственикот кој го нашле за само еден ден.


„Не можев да верувам. Бев шокирана кога пријателите ми кажаа за ова и ми испратија на Фејсбук фотографии за кои мислев дека засекогаш се изгубени“, рекла сопственичката Серина Кубакихара.

Студентката од Јапонија била на одмор и нуркање во Окинава која е околу 250 км источно од Тајван. Таму испливала камерата.

„Во текот на нуркањето еден од моите пријатели остана без воздух и му беше потребна мојата помош.Тогаш ја испуштив камерата и засекогаш се простив од идејата дека повторно ќе ја најдам. Тоа беше во септември 2015 година“, рекла младата Јапонка.


Таа не ни помислувала дека добро запечатена во својата заштитна фотрола, камерата почнала свое сопствено долго патување по морското дно.

Поминала стотици километри за да осамне на плажите во Тајван.

„Не можев ни да сонувам дека ќе ми се случи оваа чудесна среќа дека сите овие спомени ќе ми се вратат и тоа на вака прекрасен начин“, рекла таа и додала дека планира во јуни да отпатува на Тајван и да им се заблагодари на децата и учителката кои успеале да ја најдат.