Канје Вест потврди дека ќе се кандидира за претседател: Ким Кардашијан на патот да стане прва дама

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на Твивер објави дека ќе се кандидира за претседател на претседателските избори во ноември.

„Сега мораме да го исполниме верувањето на Америка со вербата во Бога, да ги обединиме нашите визии и да ја изградиме нашата иднина. Се кандидирам за претседател на Соеднинетите Држави“ - напиша Вест.


Како што наведува „Skynews“, се уште не е јасно дали Вест е сериозен со оглед на тоа дека кандидатурата ја најави четири месеци пред изборите и дали ги предал сите неопходни документи.

Секако, не помина долго време од обајвата, а корисниците на Твитир ја искористија можноста да се пошегуваат на сметка на познатиот брачен пар.