Спорт // Спорт
Капитенот на Академија Пандев најави: Ќе дадеме 200% од себе за победа против Лехиа
Академија Пандев не се откажува од резултатски пресврт, утре гостува Лехиа, со позитива од 4-1, квалификации за Конференциска лига.
Дуелот се игра во Скопје, на теренот на ФФМ, а капитенот Диме Димов, најави дека грешките треба да се намалат, а да се даде 200% за победа.
„Ќе одиграме максимално утре , резултатот од првиот меч е нереален, ќе направиме се да одиме во следната рунда. Утре ако сакаме чудо, треба да не примиме гол, треба да бидеме 200% подготвени да го дадеме максимумот, тие казнуваат секоја грешка, спортски е да се надеваме дека со брз гол, можеме до чудо“ - вели Диме Димов.
Дуелот меѓу Академија Пандев и Лехиа се игра утре со почеток од 17 часот.