Кардиологот Небојша Тасиќ предупредува: „Не се силете многу, кога е во прашање оваа болест, мора да одлежите, инаку ќе следи колапс во телото“
Во последните десет години сме сведоци на нагли временски промени. Сезоните се менуваат без преодни периоди, а таквите промени имаат големо влијание врз здравјето, речиси половина од светската популација страда од проблемите предизвикани од промената на времето.
Иако времето на сезонските вируси помина, д-р Небојша Тасиќ во „Јутро“ на српската ТВ Прва објасни што може да се случи ако не преболиме правилно настинка или грип, но и како влијае ова променливо време на нас.
-Пред се, морам да кажам дека оваа пролет не е типична пролет. Од доцна есен влеговме во рана пролет, но проблемот е што секоја година имаме се повеќе денови во кои временскиот тобоган е многу изразен. Тоа значи дека утрата се многу студени, а во текот на денот температурата се искачува над 20 степени и како да сме во пустина. Временските разлики се големи и тоа е многу тешко и опасно за организмот на здравите луѓе, а камоли на болните - објасни кардиологот.
На прашањето зошто скокот на температурата е опасен по здравјето, д-р Тасиќ одговори:
- Опасно е бидејќи ние сме организми кои реагираме на промените во надворешната средина и едноставно има адаптација. Кога е топло, се потиме, кога е ладно, штедиме вода, но кардиоваскуларниот систем е тој што најмногу и најбрзо реагира на промените на надворешната температура. Ова е многу важно за луѓето кои имаат оштетен кардиоваскуларен систем. Гледачите знаат за најчестите болести како хипертензијата која секогаш реагира на овие промени, но би сакал да знаат и за други болести кои се многу изразени. Типичен проблем се аритмиите, промените на пулсот, промените на срцевиот ритам, кои се изразуваат и во деновите кога има голема промена на температурата - изјави д-р Тасиќ.
Колку време е потребно за да помине грипот?
- Ве молам да го одлежите грипот. Не се силете. Многу е важно да се почека, бидејќи вирусна инфекција нема лек каде давате антибиотик и ги убивате бактериите. Зајакнувањето на имунитетот и одморот се два клучни фактори во борбата против инфекцијата. Кога имунитетот паѓа, целиот организам пропаѓа. Ако симптомите се благи, доволни се неколку дена. Меѓутоа, ако имате грип кој не поминува по три или четири дена, треба да посетите лекар. Тогаш приказната станува посериозна состојба. Сами немојте да се лечите – предупреди д-р Небојша Тасиќ.
Фото: Printscreen/Youtube