Карлеуша, Кардашијан, Џеј Ло: Зошто сите се опседнати со големи задници?
По неколку децении „манија“ за слабеење, повеќето жени денес би сакале да имаат поголем задник, а тоа е и еден од омилените атрубути кај машката популација!
На Инстаграм ќе видите девојки кои ги усовршиле своите пози за фотографирање, така што задникот им изгледа поголем, а оние што имаат пари и желба за тоа, одат да си стават совршен задник на пластичен хирург!
Старлетата Ким Кардашијан го направи овој тренд хит пред повеќе од една деценија, а со тоа им помогна на жените кои беа загрижени од прекумерните облини. Одеднаш станаа хит!
Балкански пример - Карлеуша го истакнува својот задник во секоја модна комбинација!
Но, како станавме толку опседнати со големиот задник? Очигледно, благодарение на нашите предци.
Во својата книга „Голиот мајмун“ од 1967-ма година, зоологот Дезмонд Морис објасни како нашите претходнички го користеле задникот за да сигнализираат дека се подготвени за акција!
- Во одреден момент од нашата еволуција, се префрливме на парење лице в лице и задникот веќе не се користеше за да дава сигнали. Ова се случи кога престанавме да одиме на четири нозе, како мајмуни, и застанавме исправено. Тоа го направи сексуалниот контакт повеќе личен, и тоа претставуваше транзиција кон нов развој на врските во кои паровите остануваат поврзани подолго - воспостави тој.
Но, авторот вели дека заоблениот задник сепак е еден од примарните сексуални сигнали и можеби тоа е причината што жените повторно обрнуваат внимание на овој дел од телото.
Пејачките со голем задник како Џенифер Лопез, Иги Азалеа и Ники Минаж посветија некои од своите песни на „неговото величество“.
Џеј Ло ја има песната „Booty“ од 2014-та година, која има повеќе од 217 милиони прегледи на Јутјуб платформата, додека во „Анаконда“ Ники Минаж пее за нејзиниот најпознат адут.
Овие македонки имаат големи задници за пофалба!