Каролина Гочева дефинитивно треба да ги осигура нозете: Еден од најсилните адути на поп дивата
Ова и не е така лошо за познатите личности!!!
Да бидеме реални, светските ѕвезди се платени за да изгледаат добро. Тие инвестираат и во својата иднина, па затоа трошат огромни суми пари за да обезбедат- осигураат одредени делови од телото.
Задници, гради, цело тело, насмевка, нозе... ги осигуруваат нивните најсилни адути. Ќе се задржиме на нозете бидејќи за нив најмногу се плаќа, а мажите според една студија спроведена на универзитетот Кембриџ во 2010 година, потврдија дека тој дел од телото им е и тоа како секси.
Кога во 2006 година снимаше кампања наречена „Legs of a godes“, нозете на пејачката Мараја Кери беа осигурани на неверојатни една милијарда долари, што донесе огромен публицитет на самата осигурителна компанија и ја зголеми продажбата.
Сепак, нејзината политика беше ограничена на времетраењето на кампањата, освен ако не можеше да ги „задржи“ нозете од стрии за време на бременоста. Ама Кери остана „бомба“, додуша сега маклу здебелена!
Кога на супер манекенката Хајди Клум и носат се‘ уште огромна заработувачка, тоа мора да се осигурани нозе. По еден милон долари од нога.
Ни србинките не заостануваат. Пејачката Снежана Бабиќ- Снеки уште пред една деценија ги осигура своите фамозни нозе на милион долари, а пред извесно време и пејачката Миа Борисављевиќ го стори тоа за сума од 200.000 евра и тоа во осигурителна компанија од Цирих.
Од мажите, Бекам и Роналдо ги осигураа нозете на сума од скоро 200 милиони долари.
Поп дивата каролина Гочева покрај вонвременската убавина, песните и гласот, позната е и по своите долги нозе. Кога ја претставуваше Македонија на Евровизија во Финска во 2007 година, англискиот коментатор рече дека „оваа девојка има фантастични нозе„. Но не само тој! Долг е списокот на реномирани познавачи на убавината кои се фасцинирани од неа.