Карпата има богатство колку најдобрите холивудски актери заедно. Мускулестиот актер Двејн Џонсон е најскапо платен машки актер, и тоа втора година по ред според магазинот „Форбс“.
Тој заработил 87.5 милиони долари од 1 јуни 2019 до 1 јуни 2020, од филмови но и од неговата линија на фитнес облека.
Според „Форбс“, 10-те најскапо платени актери за последнава година заработиле вкупно 545.5 милиони долари, а повеќе од една чевтртина од таа сума доаѓаат од продукциите на „Нетфликс“.
На второ место е Рајан Рејнолдс, со заработени 71.5 милиони долари, на трето е Марк Волберг со 58 милиони долари, а на четврто и петто се Бен Афлек и Вин Дизел.