Кејт Мидлтон играше тенис со Федерер: Целата во бело ги покажа своите спортски вештини (ВИДЕО)
Во четириминутното видео, кое беше снимено претходно овој месец, принцезата и тенискиот професионалец организираа тренинзи на кои младите помагачи учат техники пред натпреварите
Кејт Мидлтон отсекогаш го сакала спортот. За сите овие години поминати во кралското семејство, таа докажа дека може да совлада секаква активност како скијање, веслање, одбојка, па дури и хокеј на трева. Покрај тоа, секое лето кога е на Вимблдон, Кејт секогаш гледа тениски натпревари со своето семејство.
Меѓутоа, ако мислевте дека таа е само гледач во овој спорт, тоа не е така. Мидлтон докажа дека може да игра тенис и да го освои спортскиот моден тренд со еден потег кога ја запозна шампионката на УС Опен Ема Радукан во 2021 година.
За овој меч тенискиот аутфит на принцезата се состоеше од удобни патики, јакна со долги ракави, поло маица и шорцеви.
Сепак, во пресрет на овогодинешниот „Вимблдон“ имаме можност да ја видиме Кејт целата во бело како тренира со тениската легенда. Таа неодамна имаше можност да му се придружи на осумкратниот шампион на Вимблдон, Роџер Федерер, за да направи краток филм заедно за важноста на девојките и момчињата кои ги собираат топките на турнирот, без кои ниту еден натпревар не би се одвивал толку глатко.
Видеото започнува со принцезата Кејт, облечена во бел тениски топ и соодветно тениско здолниште, го поздравува Федерер на теренот и малку разговара со него, пред да влезат заедно во мечот во двојки.
Принцезата направи пауза од носење гламурозни фустани за да се облече полежерно во бело тениско здолниште и поло маица без ракави. Косата ја носеше во спортско опавче и го држеше тенискиот рекет како професионалец. И додека сме возбудени што ја гледаме Кејт во таква лежерна облека, допрва треба да видиме каква облека ќе носи додека ги следи тениските натпревари на претстојниот Вимблдон.
Извор: ona.telegraf.rs