KFC со едукативна кампања за своите потрошувачи: Дознајте зошто KFC е поим за врвно пилешко
KFC Македонија стартуваше едукативна кампања со цел одблискуда ја запознае јавноста со начинот на подготовка на омилените оброци од овој светски ланец на ресторани, кој нуди богато мени за секој член на семејството. Преку интегрирана кампања KFC Македонија ќе ѝ овозможи на публиката да ѕирне во кујната и лично да се увери во високите стандарди на квалитет и хигиена според кои работи ресторанот.
„KFC има традиција подолга од 70 години во приготвување на најпознатото пилешко во светот. Покрај 11-те тајни зачини, зад неодоливиот вкус на пилешкото се крие и континуираното унапредување на квалитетот и начинот на подготовка, нешто во што KFCсо децении е лидер во рестораните од својот сегмент. Преку кампањата сакаме транспарентно да го прикажеме начинот на кој се приготвуваат оброцитеи да ги запознаеме сите љубители на нашите пилешки специјалитети со високиот квалитет на намирници што се применуваат при подготовката, пред сè, пилешкото месо кое е основна намирница во нашите кујни и е секогаш свежо, чисто и непроцесирано. Дополнително, јавноста ќе има можност даѕирне позади “главната сцена” и да се запознае со строго дефинираните хигиенски стандарди кон кои KFC како интернационална франшизабескомпромисно се придржува уште од своето постоење, што во последно време е особено актуелна тема како резултат на светската вонредна состојба. Накусо, идејата е да го презентираме патот на најдоброто пилешко во светот до кофичките на неговите љубители“, изјавија од KFC Македонија.
„Еден од главните митови за KFC во нашата земја е дека сме ланец за брза храна, што е многу далеку од вистината ако се земе предвид начинот на подготовка на храната во нашите ресторани. Точно е дека во кујната имаме доволен број високо обучени вработени и технологија која овозможува брзо приготвување на оброците, но самите оброци, особено четирите типа пилешко како основа на нашата понуда, и во однос на квалитетот и во начинот на подготовка, припаѓаат во ресторанскиот сегмент. Токму тоа сакаме отворено и на директен начин да го пренесеме до јавноста“, потенцираат од KFC Македонија.
Тие дополнуваат дека главната цел на компанијата е да продолжи да негува отворена и непосредна комуникација со своите потрошувачи, но и со целокупната јавност, затоа што само така се гради вистинска лојалност.