Киану Ривс на цела екипа им подари Ролекс часовници: Актерот не престанува да фасцинира со гестови

Кијану Ривс неодамна на сите свои фанови им даде уште една причина да го сакаат уште повеќе, по објавата во која се наведува дека славниот актер на целиот свој каскадерски тим им подарил Rolex Submariner часовници ...

Дарежливиот гест што се случувал и порано, ги вклучува овие прекрасни и скапоцени часовници кои им беа дадени на сите членови на тимот на каскадери како дел од прославата на последните денови од снимањето на продолжението на Џон Вик 4.

Rolex Submariner Датум ref. 126610LN се продава за околу 9.500 евра, но поради големиот недостиг на модели, сите создадени примероци се продаваат по цена од речиси 16.000 долари. На часовниците, дадени на Џереми Маринас, Ли Кианг, Брус Ли Консепсион и Дејв Камарило, на задната страна се изгравирани ознаки THE JOHN WICK FIVE, заедно со имињата на овие луѓе, возраста и белешка за благодарност од Киану Ривс.