Киелце го демолира Веспрем во вториот дел, стигна до финале во Лигата на шампиони

Екипата на Киелце е првиот финалист во  Лигата на Шампиони во ракомет,   во полуфиналето  го победи Веспрем со 37-35, завршниот турнир се игра во „Ланксес Арена“ во Келн.

 Киелце  одигра одлично второ полувреме, Веспрем потклекна, а доказ за тоа се примените  20 гола.


Најефикасен беше Морито со осум гола во редовите на Киелце, Карачиќ запиша пет, додека Алекс Душебајев мечот го заврши со четири. Кај  Веспрем, Лауге постигна  осум гола. 

Вечерва се игра и второто полуфинале во кое се среќаваат Кил и Барселона.