Кијану Ривс донираше 70% од својата заработка од „Matrix“ за да најдат лек за леукемија: Господин хуманитарец!

Сестрата на познатиот актер веќе 10 години се бори со оваа болест

Кијану Ривс донираше 70% од својата плата од првиот филм „Матрикс“ за финансирање на истражување за леукемија - откако неговата помлада сестра се бореше со болеста 10 години.

Актерот (57), кој наводно бил платен 10 милиони долари однапред и заработил вкупно 35 милиони долари за првиот филм од франшизата од 1999 година, бил подготвен да финансира студија за рак на крвта, откако на неговата сестра Ким, сега 55, и било дијагностицирано дека ја имаа таа болест во 1991 година.

Кијану дури и го продал својот дом и се доближил до својата сестра за да може да ѝ се најде во најтешките моменти. Тој го одложи снимањето на продолженијата на „Матрикс (Матрица)“ и потроши околу 5 милиони долари на терапии за да и помогне на Ким да закрепне.

Претходно, тој за својата сестра рече: „Таа секогаш беше тука за мене. Јас секогаш ќе бидам тука за неа“.

Познатиот актер оттогаш основа добротворна фондација за да им помогне на оние кои се борат со ракот. Во 2009 година, тој рече: „Имам приватна фондација која работи пет или шест години и им помага на неколку детски болници во истражувањето на ракот. Само не ми се допаѓа што се спомнува моето име. Јас им обезбедувам средства, а тие си ја работат нивната работа“.


Фото: Инстаграм - Кајану Ривс