Ким Џонг Ун го изненади светот со неговиот нов изглед: „Мисли дека е Џон Леџенд“

Навикнати сме да го гледаме севернокорејскиот лидер во темни костуми и кожени јакни, ова е голема промена во неговиот стил

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше последното лансирање ракета на неговата земја, но токму неговата нова слика го привлече вниманието на многумина.

Севернокорејскиот лидер се појави во бела кошула и шешир сличен на оние што се носеа на сафари, што е голема промена од неговиот стил.

Досега Ким Јонг Ун најчесто се гледаше во црни костуми и кожна јакна.

Фотографиите објавени оваа недела покажуваат дека Ким Џонг Ун гледа низ двоглед и ужива во погледот на природата.


Неговиот нов имиџ привлече големо внимание и предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

„Тој мисли дека е Џон Леџенд“, „Изгледа дека ќе ја започне операцијата Маргаритавил“, додека некои го споредија со актерот од Паркот Јура.


Северна Кореја ги засили своите нуклеарни проби во последните недели, а една ракета ја прелета Јапонија и предизвика паника кај населението.


Фото: Твитер

Фото насловна: Youtube - screenshoot