Ким Кардашијан бесна: Не играјте си со мене кога се во прашање моите деца
Ким
Кардашијан Вест е горда мајка на четири деца. Со нивните успеси и достигнувања честопати таа се пофалува на
социјалните мрежи, но последниот ваков пост разбуди страсти.
40-годишната Ким објави фотографија од нејзината седумгодишна ќерка на која Норт во рацете држи прекрасна слика, а во описот на фотката пишуваше „мал уметник“. Некои почнаа да се прашуваат дали девојчето навистина ја насликало слика со која може да се пофали ријалити sвездата, а овие коментари ја разбеснаа Кардашијан.
„Не играјте си со мене кога се во прашање моите деца“, напиша таа на почетокот на долгата објава.
"Ќерка ми и нејзината најдобра пријателка одеа на часови по сликарство и таму нивниот талент и креативност беа охрабрени и напредуваа. Норт работеше неверојатно напорно на нејзината слика, и требаа неколку недели да ја заврши. Како горда мајка сакав да ја споделам нејзината работа со сите“, продолжи таа.
Потоа ги повика возрасните кои се занимаваат со прашањето дали сликата навистина е дело на рацете на нејзината ќерка.
"Како се осмелувате да гледате деца како прават големи работи, а потоа да ги обвинувате дека не се одлични? Престанете да се срамите со негативност и оставете секое дете да биде одлично", заклучила таа.
После тоа објави дела од нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, кои ги создал кога тој бил дете, со што стана јасно дека Норт го наследила талентот од нејзиниот татко.
Фото: Инстаграм/kimkardashian