Кина одобри итна употреба на вакцината Синовак за деца

Фото: REUTERS

Надлежните органи на Кина одобрија итна употреба на антиковид вакцината Синовак и за деца.

Директорот на кинеската компанија Синовак, Вајдонф Јин, објави дека Агенцијата за лекови одобри употреба на вакцина Синовак против коронавирус за деца на возраст од три до 17 години, пренесува Анадолија.

Глобалната кинеска телевизиска мрежа ЦГТН известува дека Јин изјавил дека од почетокот на оваа година, завршени се две фази на тестирање на ефектите од вакцината Соновак кај малолетници.

Резултатите од истражувањето покажаа дека вакцината работи и создава имунитет и кај децата и дека вакцинацијата на деца може да биде придружена со поблаги појави како што е малку покачена температура.

На 1 јуни Светската здравствена организација одобри итна употреба на вакцината Синовак.