Кире Лазаров како Џон Вејн од вестерн филмовите

Нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров често знае да изненади на социјалните мрежи со интересни фотки. Секако, тоа е за пофалба бидејќи на нив се гледа и другата, хумористична и авантуристичка страна на неговиот живот. Не е се’ само ракомет…

Најновата фотографија која ја сподели на Инстаграм со неговите фанови ќе ве изненади. Кире е фотографиран со пиштол во рака и облека како од вестерн филмовите и дивиот Запад. Со него е познатиот ракометар на Барселона, Виктор Томас, еден од најдобите светски ракометари, исто така во слична облека. 

Но приказната е сосема друга. Имено, Томас се повлекува од ракометот поради проблеми со здравјето. Уште минатата година му беа откриени аномалии на срцето. Според докторите специјалисти, за него најдобро решение беше да се пензионира од ракометот на 35 годишна возраст. Со Кире на ракометниот терен се имаат сретнато многу пати, и иако во противнички клубови, секогаш беа на ниво на задачата и секогаш пријателски настроени.

Кире не пропушти да напише трогателен текст под фотографијата за својот пријател:

„Ми беше задоволство да ја делам соблекувална со тебе ...

Мора да бидеш горд за сето она што го направи ...

Ти посакувам се‘ најдобро во иднина во следните предизвици.

Пријатели засекогаш!„

А, Томас му одговори:

„Ти благодарам многу Брате! Задоволството ми беше! Ја сакам фотографијата под број 1...“

Н.Т.