Кирјос го победи Медведев, УС Опен ќе има нов шампион, АТП листата нов број 1

Ник Кирјос го победи актуелниот првак на УС Опен Опен, Данил Медведев и со тоа турнирот ќе има нов шампион, а ќе има промени и на АТП листата.

Австралиецот со потекло од Грција, го победи Медведев со 3-1, резултатот по сетови 7-6, 3-6, 6-3 и 6-2.

Медведев со сигурност нема да биде прв по УС Опен, кој ќе се искачи на првата позиција зависи од резултатите на турнирот, а како можен нов број 1 во комбинација е и Рафаел Надал.