Ќе биеме ли “Proud“ со „You“ оваа година на Евросонг: Пуштена македонската евровизиска песна
Конечно пуштена во етер новата Евровизиска песна „YOU“ која ќе не претставува во Ротердам, Холандија на годинешниот Избор за Песна на Евровизија. Преку гласот на Васил Гарванлиев, пејачот на кој му припадна честа да ја преставува Македонија оваа година, ќе процените дали ви се допаѓа песната.
Васил беше избран преку интерен избор на МРТВ, која ги има официјалните права за избор на Евровизиска песна.
Музиката е на Невена Нешкоска, текстот го напиша Невена Нешкоска, Калина Нешкоска, Алис Шредер, во Продукција/аранжман на Невена Нешкоска, Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, а во режија на Милена Витман. Фотографија/монтажа на Ѓорѓи Вацев, а продуцент е Јелмаз Дервиши
Гарванлиев за песната рече:
Со тебе или YOU ја доживувам како покана за танцување, покана да се конектираме да го славиме живтот и сегашниот миг. Без разлика што и да ни се случува во моментот- продолжете да играте во ритамот на животот. Сведоци сме дека не живееме во идеално време, но постојат магични моменти кои поминуваат без да забележиме и залудно ги трошиме. Длабоко верувам дека сѐ започнува од нас, и дека ние сме првиот чекор, кој за другите може да значи инспирација и почеток за нова приказна. Мојата само што започна!
Преслушајте ја песната и видео спотот за неа: