Ќе имаат работа преку глава: Сезоната на Лавот лоша за два хороскопски знаци

Иако летото и сезоната на Лавовите се во полн ек, сепак нема да се одразат добро за некои хороскопски знаци. Имено, во најубавите денови од летото тие ќе бидат претрупани со работа.

Еве кои се тие два хороскопски знаци:

Овен

Ова е сезона на Лавот, па доколку имате колега на работа кој е Лав во хороскоп, сите негови обврски ќе паднат на вас. Едностано треба да се помирите се фактот, дека уште половина месец Лавовите ќе имаат неизмерна среќа. Но, не се разочарувајте. Доколку не ви оди на полето на работа, на друштвено поле нема да застанете. Секоја вечер ќе бидете опкружени со пријатели кои ќе ве натераат да се релаксирате од сите обврски. Можна е нова љубов.

Близнаци

Сезоната на Лавот е по малку пеколна за вас. Нема да може да ја кренете главата од работа. Вашиот шеф ќе делува како да го знае само вашето име и постојано ќе ви дава нови обврски. Вашиот силен карактер ќе го издржи и овој период, а кога ќе помине ќе се препуштите на уживање. Љубовниот живот не се движи со посакуваното темпо, но и не ве разочарува. Затоа уживајте во моментите со парнерот.