Ќе се изненадите: Колку филмови за возрасни гледаат момците а колку девојките
Младите мажи поминуваат во просек два часа неделно гледајќи порнографија
преку Интернет, покажа истражувањето
Сепак, дури 25 проценти од нив трошат многу повеќе време на ваква содржина. За разлика од младите мажи, девојчињата на возраст од 18-24 години поминуваат само 15 минути неделно на порнографска содржина преку Интернет.
Една третина од испитаните млади мажи поминуваат помалку од еден час неделно на интернет порнографија, но четири проценти поминуваат повеќе од десет часа неделно со „релаксирачка содржина“. Овој просек е доста проблематичен според експертите.
Повеќе од 1.000 луѓе, на возраст од 18 до 24 години, учествуваа во анкетата спроведена од радио „Би-Би-Си“, при што една четвртина од младите луѓе изјавија дека се загрижени затоа што мислеле дека поминуваат премногу време на порнографија.
Една третина од анкетираните посочија дека „се труделе“ за онлајн порнографија, откако се скарале со партнерот, или заради проблем во врската. Исто така, четвртина од нив рекле дека гледањето порно го намалува нивниот интерес за нов партнер.
Девојките, исто така, изјавија дека често нивните млади мажи очекуваат од нив да бидат како порно актерки во спалната соба, како и дека повеќето од нивните партнери гледаат порно филмови.
Експертите заклучиле дека младите луѓе кои поминуваат многу време на порнографска содржина, всушност се лишуваат од други видови на забава и си предизвикуваат себеси некои проблеми во врската, објави Дејли Меил.