Ќе се одржи аукција за накитот на Елвис Присли: Кралот на рокенролот имаше 42 години кога почина (ФОТО+ВИДЕО)

Кралот на рокот, Елвис Присли, почина на 16 август 1977 година, пред 45 години, на својот имот Грејсленд во Мемфис.

Имаше само 42 години, но напорниот живот, наркотиците, алкохолот, а потоа и лекувањето го доведоа до состојба од 150 килограми и едвај се движеше.


На годишнината од неговата смрт, илјадници обожаватели ја посетуваат неговата куќа во Мемфис, која стана една од најпосетуваните знаменитости.

Како што пишува „Дејли мејл“, со поддршка на поранешната сопруга на Присли, Присила, на крајот на месецот ќе се одржи аукција на накитот на Присли, кој тој еднаш му го подарил на својот менаџер, полковникот Том Паркер.


Присила собрала околу 200 предмети, вклучувајќи златни прстени со скапоцени камења, манжетни, часовници и синџири, а листата ја вклучува и гитарата „V-2“ што Присли ја свирел за време на неговиот познат ТВ специјал од 1968 година, почнувајќи од 750.000 долари.


Присила рекла дека се чувствува заштитнички кон предметите и би сакала да му припаѓаат на некој кој ќе се грижи за нив со грижа и љубов.


Таа беше во брак со Елвис, со кого имаа ќерка, од 1967 до 1973 година.


Тие се запознале во Западна Германија додека Елвис служел во американската армија во 1959 година. Тој имал 24, а таа само 14 и таа била ќерка на американски офицер стациониран во Германија.


Фото: Твитер/Youtube-screenhsoot