Ќе се запрепастите: Оваа црква е украсена со 70 000 посмртни човечки остатоци

Нека не ве залажува идиличната атмосфера. Иако однадвор изгледа како обична црква, оваа зграда внатре крие страшна тајна!

Малата капела која се наоѓа веднаш до прекрасната Римокатоличка црква на сите светци на гробиштата на периферијата на градот Кутна Хора во централна Бохемија е сè само не обична!

Позната и како „Црквата на черепот“, оваа необична градба е украсена со останки на меѓу 40.000 и 70.000 луѓе кои починале во средниот век.

Телата на луѓето кои се ставени како бизарен украс во оваа црква се земени од локалните гробишта, распарчени и лишени од меки ткива. Коските се избелени, а потоа се наредени за да формираат разни предмети во зградата - грбови, мурали, огромни лустери, распетија…


Потекло

Локалните гробишта во Кутна Хора веројатно немаше да се разликуваат од стотиците други во Чешка да не беше извесен монах Хенри кој бил испратен во Светата земја во 1278 година.

Легендата вели дека кога се вратил од Ерусалим, донел со себе малку земја од Голгота - местото каде што бил распнат Исус Христос и ја расфрлил по сите гробишта. Не поминало долго пред луѓето од цела Централна Европа да посакаат да бидат погребани таму. 

За време на големата епидемија на чума во 1318 година и по Хуситските војни во 15 век, гробиштата станале преполни. Решението е пронајдено во изградба на црква и капела кои би служеле како масовна гробница за одамна починатите чии коски почнале да се сместуваат таму, со што се создале нови гробни места. 

Работата за украсување била доделена во 1870 година на столарот Франтишек Ринт, кој ги подредил коските во пирамиди, свеќници, голем грб и бројни други форми.

Не е познато што го поттикнало да го „украси“ местото на овој начин, а дали резултатот е пофасцинантен или поплашлив, проценете сами.


Фото: Википедија

Видео: Youtube