Забава // Музика и филм
„Ќе ти ја чуваме Даница и децата, не грижи се ...“ Сергеј за починатиот Гру
Актерот објави на “Инстаграм“ поради тажната вест
Познатиот српеки и регионален рапер Далибор Андонов Гру почина на 9 септември, на 47-годишна возраст.
Од легендарниот хип-хоп уметник се збогуваа многу јавни личности, меѓу кои и неговиот пријател, актерот Сергеј Трифуновиќ, кој објави краток, но тежок пост на „Инстаграм“.
- Брат, ќе ти ја чуваме Даница и децата, не грижи се. Можеби е глупаво, но наоѓам слаба и тенка утеха во тоа што во никој случај не си лик кој би сакал да си оди од старост, во кревет - напиша Сергеј Трифуновиќ на споменатата социјална мрежа.
ВИДЕО: Збогум, Гру и одмори во мир!