Ќе ве удри метеор од мирис: Новиот машки парфем Meteore на Луи Витон
Ако мислевте дека брендот Луј Витон се фокусира единствено на создавање опојни женски парфеми, не сте во право.
Брендот се враќа на сцената со нов луксузен мирис за мажи, Meteore. Овој мирис е инспириран од истражувачките емоции на сите мажи кои сакаат да патуваат.
Не е премногу силен, па затоа нема да ги окупира сите ваши сетила, но е лесен и истовремено моќен, свеж, но со траен впечаток. Овој мирис е создаден во Грас, Кавале Белетруд, кој исто така го потпишал и познатиот Cour Battant.
Состојките за парфемот вклучуваат бергамот, мандарина, портокал, нероли, кардамон, морско оревче и ветивер. Можете сами да заклучите дека неговата мешавина е навистина комплексна, но благодарение на неа ги комбинира сите претходно споменати силни контрасти.
Луксузниот нов мирис чини 266 долари за 100 ml, 414 долари за 200 ml и 266 долари за спреј за патување од 7,5 ml. Може да се набави во бутиците на брендот и преку нивната официјална веб-страница.