Спорт // Спорт
Клоп е голем човек, потпиша нов договор но и направи потег за респект
Јирген Клоп ја продолжи соработката со Ливерпул до 2026 година. Германецот не се двоумеше по понудата од клубот, и престојот наместо до 2024 година, го продолжи за уште две години со нов двогодишен договор.
Во ова нема ништо чудно, Клоп внесе нова енергија во клубот, тимот игра добро, а има два интересни моменти кои го прават Германецот навистина уникатен.
Клоп во новиот договор наводно не побарал зголемување на платата, таа изнесува 15 милиони фунти по сезона, побарал неговите помошници да бидат наградени со зголемување на нивната плата.
Во Ливерпул не размислувале долго, и ја исполниле желбата на Клоп, неговите помошници во стручниот штаб добиле по два милиони фунти повеќе по сезона.