Клоп купи играч од Јувентус за кој тврдеше дека не му е потребен

Ливерпул приреди мало изненадување на трансфер пазарот во последен момент, го купи Артур Мело од Јувентус, играч од средниот ред.

Клоп тврдеше дека Ливерпул нема потреба од играч во средниот ред, и без никаква најава се реши да го купи Бразилецот од Јувентус кој немаше некој сериозен ефект во играта кај „старата дама“.

Артур Мело има 26 години, од 2022 година беше во Јувентус, запиша 42 настапи во сите конкуренции, и постигна еден гол.

Иако Мело се поврзуваше со Валенсија, тој заврши во Англија кај Јирген Клоп на едногодишна позајмица, а Бразилецот веќе гордо позираше со новите обележја.