Клоп му одговори на Гвардиола, веројатно тој знае нешто што мене ми е непознато...

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека сите во Англија сакаат Ливерпул да биде шампион сезонава во Премиерлигата.

Сити е прв со 3 бода предност во однос на Ливерпул, а Гвардиола смета дека сите во Англија сакаат Ливерпул да биде првак.

На ова одговор дојде од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Не знам дека цела Англија сака ние да бидеме шампиони во Премиерлигата, мене тоа ми е непознато. Можеби Пеп знае нешто што ние не знаеме, мора да знае нешто повеќе од мене“ – изјави со насмевка Клоп.