Коби не се плашеше од хеликоптерската несреќа, договорот со сопругата беше од друга причина
Пo трагичната хеликоптерска несреќа во која загина легендарниот кошаркар Коби Брајант, светските медиуми пишуваат за договорот меѓу кошаркарот и неговата сопруга Ванеса никогаш да не летаат заедно. Иако се пишуваше дека бил постигнат договор затоа што кошаркарот се плашел од несреќата, извор близок до семејството Брајант рече дека не е точно.
„Имаше договор, но не од страв. Тие сметаа дека тоа е најдобро за нивните ќерки. Коби беше посветен татко и неговото семејство му беше на прво место“, изјави неименуван извор за „People“.
Брајант започна со употреба на хеликоптерот заради огромниот сообраќаен метеж на патиштата во Лос Анџелес.
„Еднаш, бидејќи стоеше во колоната од автомобили, тој со часови ја пропушти училишната игра на една од своите ќерки. Сакаше да може да ги исполни сите одговорности, пред се татковските“, вели изворот.
Коби, со неговата ќерка Џиана и седум други лица, заминаа на кошаркарски натпревар во неделата кога нивниот хеликоптер се урна во магла при брзнина од 300 км на час.