Кога Младиќ ми го кажа тоа за Аркан, занемев: Тој ги откри и деталите од кариерата на Цеца, го спомна и Шербеџија
Еден од најпознатите естрадни менаџери раскажал што побарал Аркан да му договори со генералот Ратко Младиќ, но и како Светлана Цеца Ражнатовиќ се однесувала на почетокот на кариерата.
Влада Перовиќ, некогаш еден од најпознатите естрадни менаџери во Југославија, раскажа како Светлана Цеца Ражнатовиќ се однесувала на самиот почеток на кариерата, како успеал да го убеди Раде Шербеџија да си заигра со неа во филмот и што му рекол Ратко Младиќ за Жељко Ражнатовиќ Аркан.
„Тогаш го имав најголемиот локал на Балканот – Дунавски цвет, кој беше 1.500 квадратни метри. Цеца го имаше првиот настап кај мене. Во тоа време преговарав со Снежана Бабиќ Снеки и Цеца. Цеца ја запознав во Шуматовац“, ја започна тој приказната.
Како што вели, штом ја запознал Цеца знаел дека таа ќе стане нешто.
„Го запознав нејзиниот татко и почувствував дека таа може да стане нешто. Знаев дека ќе биде ѕвезда без преседан. Кога им кажав на луѓето за тоа, тие ми се смееја“, изјави еднаш Перовиќ во емисијата „Гол живот“.
Цеца во тоа време секогаш одела со татко ѝ, бидејќи била малолетна, имала само 16 години.
„Таа ми остави страшен впечаток, ја чувствував таа харизма. Имаше шарм и постојано тврдеше дека нема да живее во Житоража, дека ќе се занимава со музика. Не ѝ верувавме баш, бидејќи не пееше во кафани, а тоа е голем минус. Сепак, видов дека фантазира, дека го има тој флуид“, изјави Перовиќ.
Перовиќ се присети на снимањето на филмот „Нечиста крв“ каде Цеца ја глумеше Коштана.
„Бев еден од продуцентите на филмот „Нечиста крв“ каде играа Цеца и Шербеџија. Ја застапував Цеца и му предложив на режисерот Стојан Стојчиќ Цеца да ја игра Коштана. Но, на почетокот Шербечија не сакаше ниту да слушне да игра со Цеца. Направив се‘ за да му угодам - го запознав со жени, го запознавав со друштвото, не му наплаќав. Сето тоа го правев само за да се согласи да игра со Цеца. На крајот се согласи“, изјави Перовиќ.
Како што вели, Цеца била добра Коштана.
„Не знам зошто Аркан тоа го забрани. Веројатно поради повеќе ласциозни сцени, но таа го одигра уметнички“, рече тој.
За тоа дали двајцата се слушнале и виделе потоа, кога Цеца станала голема ѕвезда, Перовиќ вели:
„Таа и јас имавме коректен однос. Но, после тоа не се слушнавме ниту се видовме. Се сретнавме само еднаш на сплав. Аркан не разговараше повеќе со мене по мојот неуспешен обид да го вратам во Босна. Имено, тој знаеше дека познавав многу луѓе, па тој ме замоли да испеглам нешто за да може да влезе во Босна, се обидов да го направам тоа преку генерал Ратко Младиќ и тој само ми рече: „Владо, ти си легален, што ќе правиш ти со криминалците. И тогаш Аркан се налути што не успеав да го направам тоа за него, веројатно Цеца не смееше да ме контактира од Аркан“.
Фото: Youtube - screenshoot