Кои се едни од најскапите машки парфеми кои се продаваат кај нас?

Длабоко во нашите мозочни клетки се чуваат сеќавања, желби, идеи и други белешки што можеме да ги разбудиме полесно и тоа на еден начин - со мирис. Поради мирисот, можеме да патуваме низ времето и просторот, да се растажуваме или да се расположиме. Мирисите можат да нè преселат, да нè заведат или да нè смират. Нивната моќ е толку силна што, со оглед на ова, нивната примена е скоро занемарена.

Парфемите значи заведуваат, даваат самодоверба, чувство на супериорност, на препознатливост, на потрага по „плен“...

Парфемот е многу личен и е дел од уникатен стил и личност, како и облеката и модните додатоци. За многумина, парфемите се „мелем за душата и сетилата“, и важно е да се напомене дека при изборот на оригинален парфем треба да имате во предвид дека потребни се најмалку два часа за да го почувствувате неговиот вистински мирис од моментот кога ќе го ставите на вашата кожа.

Парфемот е мешавина од миризливи етерични масла и ароматични соедниненија, фиксативи и растворувачи.  Ароматичните соедниненија во парфемот можат да бидат добиени синтетички, да потекнуваат од растение или да имаат животинско потекло. Содржат горни, средни и основни ноти.

Точните формули на парфемите пуштени во продажба се чуваат во тајна. Дури и кога тие би биле јавно откриени, во нивната формула би доминирале така сложени состојки и мирисни компоненти, што не би биле од голема помош на обичниот потрошувач во описот за доживувањето на мирисот. Сепак, добрите познавачи на парфеми можат да станат многу успешни во одредувањето на состојките и потеклата на мирисите исто како и експертите за вино.

Најдобар начин да се започне со опис на парфемот е да се земат во предвид елементите на мирисните ноти на парфемот или “фамилијата” на која тој й припаѓа, кои влијаат на општиот впечаток за парфемот уште од првото нанесување па сè до последниот задржан тон.

А, има многу парфеми од мал милион брендови. Најлуксузните се од најлуксузните модни и мирисни брендови и се посебни, со посебни состојки кои или се ретки или можат да се најдат само на одредени места, најчесто недостапни.

Машките парфеми исто како и женските (а посебно оние врвните) се со уникатен мирис. Дури и не наликуваат едни на други. Спакувани во отмени шишенца, тие создаваат магија дури и додека ги гледате.

Познато е дека во Македонија има неколку продавници и застапништа на оригинални парфеми во кои има мириси за сечии вкус, од разрични модни куќи, брендови, дизајнери... Добар парфем според сите светски стандарди не може да биде ефтин. Таквиот парфем трае и трае, поседува уникатност во состојките и е посебен.

Издвоивме неколку кои се навистина уникатни и имаат прилично висока цена.

Еден од најскапите парфеми кај нас, според она што го видовме на веб странците од неколку наши парфимерии е оној на Tobacco Vanille на дизајнерот Том Форд.

Раскошен и топал, Tom Ford Tobacco Vanille е мирис со тутун. Tom Ford открива класичен мирисен жанр со додавање на кремаст тонка грав, ванила, какао и суво овошје. На овој начин се покажува модерниот, раскошен впечаток кај мажите. Горните ноти се лисја од тутун ,ароматизирани зачини, средните ноти содржат цвет од тутун, ванила, какао, а базните ноти сушено овошје, дрво.

За 250 мл. цената му е  32,460 денари, додека пак за 50 мл. 13,090 денари.

Тука некаде е и Van Cleef & Arpels  Collection Extraordinaire Reve d'Encens Eau de Parfum. Интересно е што овој парфем е наменет и за мажи и за жени. Ама кај двата пола мириса различно, па привлечноста е неизбежна. 

Ориентален дрвенест мирис што хипнотизира. Измамничкиот и едноставен мирис е волшебен и полека ги заведува сетилата со својот поканувачки и обвивачки шарм. Во срцето, цветните и смолните аспекти додаваат долготраен квалитет кој се надополнува  со длабока основа на мошус и сандалово дрво. Шафран, Олибанум, роза,  сандалово дрво и бел мошус се само дел од состојките.

Цената за 125 мл. е 24,550 денари.

Има и други парфеми со слични или исти цени, но овие се издвојуваат како посебни.

А, уште еден таков посебен е и  Roja Danger pour homme и може да се најде и овде. Брендот е еден од најлуксузните во светот. 

Danger е вонвременски и баш машки. Потенцирани се свежите и ароматичните аспекти на концентрацијата на парфемите, истакнувајќи ги цитрусните и „зелените“ ноти со фино додавање на лаванда. Ориентален мирис: богат и софистициран со слатка, пријатна и сензуална мирисна нота. Топ ноти: лимон, бергамот, лаванда, естрагон, Средни ноти: лилијани, јасмин и темјанушка, Основни ноти: ревен, галбанум, каранфилче, ким, пачули, мов, дрвенести ноти, ветивер, кедар, ванила, тонка грав, ноти од амберис, мошус. 

Цената за 100 мл. му е скоро 18,000 денари, слично како и неговите варијации.