Кои се најтешките модерни игри?
Овие игри се буквално невозможни да ги доиграте..
Видео игрите ги
сакаме бидејќи се забавни, ни носат интересни приказни и не занимаваат со
часови. Меѓутоа, постојат игри кои се така дизајнирани да бидат неверојатен предизвик
и токму тие спаѓаат во оваа категорија на тешки игри, кои после неколку пати ги
забораваме и прекинуваме со играње.
Одлучивме да ви ги претставиме најтешките игри на модерното време кои се направени после 2000та година и кои со години ги мачат гејмерите ширум светот. Овие игри се толку тешки, што само мал број луѓе успеа да ги заврши.
Еве за кои игри станува збор:
1. Ninja Gaiden Black (2005)
Ова е дефинитивно најтешката игра која некогаш сме ја играле и буквално е потребно да имате способности и таленти како Нинџа за да ја поминете. Тешките нивоа на играта толку ќе ве измачат, што после неколку поминати нивоа, крајот ќе сакате да го догледате на Youtube.
2. Mega Man 9 (2008)
Оваа игра од играчот бара неверојатна брзина, координација на движења и способност истовремено на екранот да видите многу детали. Нивоата се комплицирани и тешки, а смртните исходи може да ве изнервираат како ништо друго до сега.
3. Deamon's Souls (2009)
Deamon's Souls и Dark Souls игрите се дефинитвно едни од најтешките каде ќе морате константно да умирате и да се враќате еден чекор поназад, само за да помините еден од почетните нивоа. Играњето е тешко, а непријателите се толку моќни што ќе ве натераат да се запрашате, дали е воопшто возможно да ја поминете оваа игра.
4. Super Meat Boy (2010)
Оваа 2D платформска игра е слична како Spelunky, неверојатно е тешка и од вас бара многу побрзи потези и подобри реакции.
5. FZero GX (2003)
Сега веќе легендарната Fzero трка ви дава шанса да се тркате во ракетни автомобили кои достигаат брзина и до 1000 километри на час. Она што сите гејмери го мразат е тоа колку лесно може да изгубите ако направите само една грешка при менувањето на брзината. Често се случувало да заради малку поспора реакција, излетете од фазата и трката да ја завршите на последно место.