Кој, ако не Германците? Кога ќе видите што користат за да ги исчистат патиштата од снег и мраз, ќе се изненадете

Сок од кисела краставица или сок што се користи за туршија во индустриското производство, се покажа како одличен за спречување на формирање мраз и е еколошки поштедлив и заштедува пари

Сè започнало како баварски експеримент, а наскоро може да се прошири како практика низ целата земја.

Пилот програмата за истурање сок од кисели краставички би можело целосно да го замени традиционалното попрскување со сол, кое иако спречува формирање на мраз, на долг рок и штети на околината и претставува скапа пракса, пишува „RTL today“.

Минатата сезона биле искористени 326.000 тони сол за чистење на големата патна мрежа на Баварија, што е скап зафат со негативно влијание врз животната средина. Бидејќи зимските временски услови стануваат поекстремни, баварските власти бараат поевтина и еколошка алтернатива на сол. Тие пронајдоа неочекуван партнер: локален производител на кисели краставички.


„Develi Senf & Feinkost“ годишно претвора 17.000 тони корнишони во кисели краставички. Солта и киселата вода од киселите краставички во овој процес се користат една година за зимско одржување на баварските патишта.

Со рециклирање и благо модифицирање на саламурата, се намалува вкупното количество сол што се ослободува во околината, заедно со негативното влијание врз околината.

Во посебна постројка, водата се третира, чисти и се доставува до работниците на патиштата како саламура.

Според баварското Министерство за домување, градежништво и транспорт, се очекувасо користење на водата од киселите краставички за спречување на формирање на мразда се заштеди 700 тони сол и 4,9 милиони литри вода по зимска сезона.


Можеби ќе ве интересира:

Чудотворната течност од киселите краставички: Намалува грчеви во мускулите и лечи мамурлак