Ако не е со
скандал, тогаш е присутна со разголени фотки. Хрватската музика дива Северина
моментално е на годишен одмор на островот Корчула и ужива во убавините што ѝ се нудат.
На својот Инстаграм профил пoстираше фотографија на која е во морето, ама е качена на лулашка.
Под фотката напиша: „Таа лета високо, а нејзиното ново мото е YOLO“, стих од нејзината песна „Магија“.
Носи црн костим за капење во кој изгледа заносно и има фигура на која би и позавиделе и дупло помладите. Севе има 48 години.