Кој е македонскиот крал на Инстаграм?

Колку сте по атрактивни, толку повеќе ќе имате следачи... Така денес некако би се окарактеризирала социјалната мрежа „Инстаграм", иако има исклучоци од ова непишно правило. Милијарди фотографии од разни профили на познати и непознати лица, рекламирања производи, видеа, анимации, мода, фитнес,  дестинации, чуда... се’ на едно место. 

Популарноста на мрежата ја надмина онаа на Фејсбук и таму лајковите се мерат во илјадници, некогаш и во милиони. Се разбира, оние кои имаат најмногу следачи се можеби и најпопуларни.

 А, кралот на Инстаграмот, со 215 милиони следачи е фудбалерот Кристијано Роналдо. Одамна ја има оваа титула. Многу е активен. Постојано постира фотки, посебно сега од карантин и скоро секоја негова објава има преку 10 милини лајкови.


https://www.instagram.com/cristiano/

Но, интересно е тоа што и македонскиот крал на Инстаграм е фудбалер. Според бројката, со 491 илјада следачи, Елиф Елмас го држи првото место кога се во прашање оние со македонски профили. Играчот на Наполи, инаку наш репрезентативец исто така е активен, но најчесто постира професионални фотографии од терен. Скоро секоја негова објава има над 50 илијади лајкови.

https://www.instagram.com/elifelmas24/

Елмас се’ уште нема почнато со подготовски за следните натпревари со Наполи, но како што изјавуваат челниците на фудбалот од Италија, овој месец најверојатно играчите ќе се вратат на терен, ама без публика.

Н.Т.