Кој е најскапиот џин на светот?
Морус LXIV е најексклузивниот и најскапиот џин на светот, што го прави да биде совршениот поклон за сите богати хедонисти.
Креаторот на овој скапоцен пијалок е британскиот бренд „Jam Jar Gin“ кој се потруди да креира феноменален алкохолен пијалок кој може да го задоволи сечиј вкус.
Луксузниот пијалак се добива со дестилација на листови од дрвото „Mulberrey“, кое е високо листопадно дрво со потекло од југозападна Азија, а често се користи и во припрема на џемови и овошни сирупи. Секој лист рачно се собира и посебно се суши пред самата преработка, а потоа се осатава на посебно место, за да може да ги испушти сите вкусови и ароми кои подоцна се користат за креирање на феноменалниот џин.
Колку е овој процес комплициран и долготраен, говори и фактот што се потребни дури две години за листовите да послужат во правењето на џинот. Кога џинот конечно ќе биде готов, тој се става во порцелански тегли, кои се рачно изработени и кои се исполирани со дијамантска бела мат боја. Финалниот и можеби најубавиот додаток е кожната футрола во која се пакуваат теглите и така се продаваат на пазарот.
Џинот Морус LXIV има јачина од 64% ABV и се продава по цена 5.167 долари за шише од 700мл. На пазарот е понудена и помала верзија од 30мл по цена од 258 долари, за оние кои сакаат да го пробаат овој џин, но не се осудуваат да платат премногу.