Кој е поголем стилски фраер деновиве- Илија Димовски и Коста Костадинов?
Не може да го занемариме и нивното облекување кога постојано се на телевизија, на социјаланите мрежи, на настани, меѓу луѓето...
Тие се јавни личности па и нивниот стил подлежи на соодветни критики, иако е многу поважно што прават и како ги прават нештата за добото на сите.
Илија Димовски од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коста Костадинов од СДСМ важат за двајца релативно млади политичари кои скоро секогаш се облекувале на ниво. Всушност доста свежо и по нови модно- политички теркови. Најчесто, точно знаеле како да се облечат за разни појавувања, без сето тоа да е претерано или во најмала рака досадно.
Но, различни се во стилскиот израз.
Посебно нивните најнови фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи зборуваат за тоа. Сепак, таму каде што се фотографирани местата бараат и облека која ќе кореспондира со нив, времето, намерата...
Илија Димовски е познат по тоа што се искачува на планини и таквата рутина е вредна за поздравување. Топ облечен за во природа. Црвена јакна, кафена блуза, широки панталони и спортски часовник во согласност со очилата за сонце. Едноставно, интересна игра која ја надополнил со колорит.
Коста Костадинов ќе го видиме во елеганција од глава до пети, надополнета со модерен капут во бежова боја. Под него носи костум кој го разиграл со вратоврска во црвени нијанси. Секако, часовникот е неизбежен детаљ. Сосема соодветно облечен за местото кое го посети.
Фото: Официјални Фб. профили на Димовски и Костадинов