Koј e српскиот репрезентативец за кого е создадена новата фудбалска хит серија ,,Златни дечко“?
Додека владее
вистинска фудбалска треска, серијата за српскиот Марадона ,,Златни дечко“
ја зголемува својата популарност. Со стартот на Светското првенство во Катар
таа почна да се емитува на глобалната мрежа „Амазон прајм“, а многу порано е
достапна на македонската платформа Gley.
Кој е Златното момче? Кој стои зад него? Кој заработува од него? Како изгледа трансферот на играчи? Кој го сака и кому му е корисен? Кого сака, а кој само сака да му биде сопруга на фудбалер? - сето тоа ја сочинува приказната за еден млад талентиран фудбалер, со проблематичен темперамент, кој уште од мали нозе, пред се поради својот талент, станува мета на разни интереси.
Режисерското деби на раперот Огњен Јанковиќ (фронтмен на групата “Београдски синдикат“) најмногу потсетува на животниот пат на српската репрезентативна 7-ца, Немања Радоњиќ.
Крилниот напаѓач на Торино има слична кариера. На Радоњиќ му била дадена втора шанса во фудбалот. Како еден од најперспективните млади играчи во земјата добил шанса да игра во голем клуб во странство, но поради своето однесување бил вратен во Србија, во ФК Чукарички и тука започнува од почеток.
Во текот на повторното издигање и градење на кариерата одново, Радоњиќ имал старател, кој го чувал од пороци и лошо друштво. Негова задача била да го вози на тренинзи и да се погрижи спортистот секогаш да биде во топ форма. Во ,,Златни дечко“ тоа е Маки кој го игра Игор Бенчина. Радоњиќ често бил гледан и во друштво на сомнителни типови. Ликовите на Сони и Џони ги носат Петар Стругар и Љубомир Бујалиќ.
Фудбалската ѕвезда во ,,Златни дечко“ Денис Марковиќ, брилијантно ја глуми младиот актер со косовско потекло Денис Муриќ.
Српскиот фудбалер моментално игра во Италија (Торино), како позајмен од Олимпик Марсеј а неговиот договор вреден 12 милиони евра е најголем во историјата на српскиот фудбал, по онаа на легендарниот Матеја Кежман. Животна приказна на 26 годишниот нишлиец Радоњиќ е вистински мал филм, и е само дел од она што е прикажано во „Златното момче“.
Авторите на серијата Алекса и Вук Ршумовиќ, како што тврдат за српски Курир, нашле инспирација во животните приказни на други фудбалери, а некои фанови во филмот го препознале и животот на Александар Митровиќ.
По неверојатниот успех на фудбалското ,,Монтеведео“ на Драган Бјелогрлиќ, публиката добива уште еден филмски производ од светски ранг кој од ден на ден брои се повеќе гледачи.
Приказната за „најважната споредна работа на светот“, ексклузивно е достапна на првата македонска стриминг платформа Gley. До содржините на Gley може да пристапите преку апликациите за вашиот Smart TV, мобилен, таблет и компјутер како и за MaxTV приемниците.
Пр објава