Кој изневерува повеќе – мажите или жените?
Познато е дека двата пола имаат тенденција да ги изневеруваат своите партнери, но кој го прави тоа повеќе …
На ова прашање се обиде да даде одговор на YouTube каналот „Simple Pickup“. Не беше спроведено научно истражување, туку беше направена мала видео анкета. Прашањето им било поставено на припадниците на двата пола и нивните одговори биле доста интересни.
Секој од испитаниците го објасни својот одговор и влезе во кратки разговори со својот партнер кој има спротивно мислење.
Испитаниците се согласиле дека и двата пола изневеруваат. Мажите признаа дека имаат способност да ги изневерат своите поубави половини и дека некои тоа го правеле неколку пати. И жените го кажаа истото и потврдија дека можат да бидат со секој маж кога сакаат.
Тука е донесен главниот заклучок. И мажите и жените се согласија дека на жените им е многу полесно да ги изневерат своите мажи, т.е. дека им е полесно да стапат во контакт со маж.
„Нас ни е многу полесно, не мора да имаме ништо, освен гради и задник. Доволно е да го покажеме и секој маж е наш“, рекла една симпатична девојка, додека одговорот на испитаникот маж ја надополнил оваа мисла: „На жените им е полесно. Мажите мора да бидат дотерани, да ги бричат интимните делови и да покажат пари за да се обидат да освојат девојка, но и тогаш прашање е дали би успеале“.
Значи, одговорот на ова прашање сè уште е нејасен. Сметаме дека и мажите и жените изневеруваат подеднакво и дека е работа на поединецот, а не на полот, но бидејќи на жените им е полесно да стапат во сексуален контакт со маж, можеби тие сè уште ја водат играта.
Што мислите вие?