Кој македонски пејач беше најголемата стилска икона, еден од најдобрите на сите времиња во македонската музичка историја?
Таква популарност како тој скоро никој од нашите машки музички имиња не направи, освен Тоше Проески секако. Неговата појава, глас стас, харизма, стил... сите ги зашемети. Беше миленик на многу генерации. Еден од најдобрите наши пејачи на сите времиња кој остави неизбришлива трага со своите песни...
Драган Мијалковски беше популарен во 1970-тите и 1980-тите години. Со леснотија пееше поп и нова македонска народна музика. По завршувањето на Техничкото училиште во неговото родно Скопје и неуспешниот обид да студира на Вишото техничко училиште во Битола, во 1969 година, тој ја испроба својата среќа на аудицијата „Барајќи млади таленти“ и ја направи својата прва снимка следниот ден во Радио станица.
Тогаш започнуваат правата за снимање и подготвување на нови музички материјали. Веднаш, на 19 годишна возраст, тој се ожени со својата сопруга Ели и имаат две деца.
Соработуваше со врвни композитори во поранешна Југославија: Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Слава Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ ... Учесник беше на многу реномрани Југословенски и интернационални фестивали, ги собра сите награди, а на Скопскиот фестивал беше неколку пати апсолутен победник.
Во тоа време Драган изгледаше како мачо, па девојките лудуваа по него. Имаше армија од обожаватели. Вистинска ѕвезда, па каде и да се појавеше, следуваа врисоци и воодушевување. Тоа пред се’ се должеше на неговиот изглед и стил на облекување, кој за тоа време беше по малку шокантен или едноставно- нов.
Сите ги пеееја неговите песни: Кажи нешто драга, Оди си, Кажи ми, Успомена, Оди душо моја, Гулабица, 223-305, Иди душо моја, Фантазија, Гитаро моја....
Се на се, богата кариера која трае скоро 50 години. Денес ретко е присутен на сцената но кога се појавува, тоа го прави во свој препознатлив стил- џентлменски.Р.М.М
Фото: Youtube/ printscreen