Која е Екатерина Захариева: Во Бугарија ја нарекуваат челичната дама

Екатерина Спасова Гечева-Захариева (родена на 8 август 1975 година) — бугарска политичарка која од 4 мај 2017 година ја извршува функцијата министер за надворешни работи на Бугарија. Таа била привремен заменик-премиер и министер за регионален развој од 2013 година.

Захариева е родена во Пазарџик во 1975 година. Дипломирала и магистрирала на Пловдивскиот универзитет по право.

Откако станала адвокат до 2003 година, таа станала и правен советник во Министерството за животна средина и вода. Влегувајќи во политиката во 2009 година, таа станала министер за регионален развој во владата на Росен Плевнелиев. Кога Плевнелиев станал Претседател на Република Бугарија, тој ја избрал за позиција како еден од замениците на премиерите од март до мај во 2013 година. Таа била заменик-премиер во владата на Марин Рајков.

Во 2013 година била министер за регионален развој. Од 18 декември 2015 година била министер за правда до 27 јануари 2017 година. Таа станала министер за надворешни работи на Бугарија на 4 мај 2017 година.

За неа скоро и да нема детали од приватниот живот бидејќи е толку многу посветена на работата што велат дека нема кога да води приватен живот. Но, таа вешто од јавноста ја скрива својата приватност и за сега ѝ успева.

Поради нејзините цврсти ставови и непопустливост, често ја нарекуваат челичната дама.