Коки Јанков призна дали неговата нова песна е автобиографска! (ВИДЕО)
После подолга пауза, со нов музички проект изненади познатиот музичар Коки Јанков. Вчера на социјалните мрежи тој ја промовираше неговата најнова песна со наслов „Муабет“.
Станува збор за песна на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму Коки, додека пак аранжманот е на Дејан Георгиевски - Ѕене. За новата песна Коки сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на познатиот Дарио Јанковиќ.
„Се надевам дека ќе и се допадна на публиката, а искрено верувам дека ќе биде така. Вакви песни не се „раѓаат“ преку ноќ, за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота... Лесно е денеска да извадите песна, симнете битови, напишете две реченици и наречете го тоа песна“ - вели Јанков, а на прашањето дали е ова можеби негова автобиографска песни, тој ќе каже:
„Не би сакал да откријам, ете вие сами процнете дали е или не е. Се шегувам, мислам дека многу луѓе би можеле да се пронајдат во неа, па ете, зошто да не и јас“ - накусо искоментира познатиот музичар.
Погледнете го видео записот: