Колегите на Пике ја нарачале песната на Шакира, а кога тој сакал да одржи говор - публиката го скандирала нејзиното име (ВИДЕО)

Пејачката Шакира и поранешниот фудбалер Жерар Пике минатата година ги изненадија сите со објавата дека се разделуваат по 12 години врска во која ги добија синовите Милан и Саша.

Иако на почетокот само се шпекулираше дека главната причина за нивната разделба е неверството на Пике, набрзо се покажа дека тоа е вистина.

Имено, поранешниот фудбалер набрзо по гласините за неверството објави дека неговата нова избраничка е 12 години помладата Клара Чиа Марти, а светот дополнително го шокираше фактот што неговата мајка цело време знаела за тоа и му помагала на синот да ја крие врската со Клара.

Шакира неодамна се отвори за се‘ и откри дека дознала дека Пике ја изневерува додека нејзиниот татко бил во болница, а од самиот почеток добила голема поддршка од нејзините фанови ширум светот.

Од друга страна, прељубниците Клара и Жерар се најдоа на столбот на срамот, а сега повторно доживеа јавно понижување.

Како што е познато, тој по завршувањето на фудбалската кариера го лансираше проектот „Лига на кралевите“, а како дел од него минатиот викенд во пресрет на новиот турнир организираше и промотивен настан. Пике приредил голема забава во ноќен клуб и во еден момент излегол пред публиката да одржи говор, но потоа доживеал непријатност.

Жерар во едната рака држел микрофон, а во другата чаша, а насобраните не му дозволиле да го започне говорот, туку скандирале: „Шакира, Шакира“. Поради тоа погледнал во подот и неколку пати во микрофонот прашал: „Што се случува?“.


Сепак, толпата не престанала да скандира, а потоа Пике им се обратил со малку понепријатен тон. Како што може да се види во коментарите на „Твитер“, луѓето тврдат дека поранешниот фудбалер им рекол: „Како и да е, јас сум уште светски шампион, а вие никој“.

Пеењето на името на Шакира не бил единствениот срам што го снашол Пике таа вечер. Имено, во еден момент била пуштена песната „Waka Waka“ која ја испеа Шакира, која ја сними во 2010 година како химна на Светското првенство во Јужна Африка.

Шакира и Пике се запознале тогаш и оттаму започнала нивната љубовна приказна, а луѓето кои присуствувале на настанот тврдат дека песната „Waka Waka“ ја побарал поранешниот голман Икер Касиљас, кој е дел од „Лигата на кралевите“, а кој сакал оваа песна да се слушне токму поради нејзината важност за Светското првенство во 2010 година, кога Касиљас беше дел од шпанската репрезентација која првпат триумфираше на ова важно натпреварување.

Икер Касиљас со тоа стана трет голман, по Џанпјеро Комби и Дино Ѕоф, кои како капитен го подигнаа пехарот наменет за победникот на Светското првенство.


Фото: Инстаграм/Youtube -  screenhsoot
Видео: Твитер