Колекционер на пасоши на ТикТок објави дека има омилена патна исправа: Припаѓал на рудар од Југославија (ВИДЕО)
Тука е и печатот на
нацистичка Германија, но и на НДХ
Колекционерот на пасоши, како што се претставува на „Тикток“, објави видео во кое зборува за, како што вели, неговиот омилен пасош. Станува збор за југословенскиот пасош на рудар по име Мијо Шебаj, кој живеел во Бриње, Хрватска. Иако пасошот од средината на триесеттите години на минатиот век, како што вели, е во лоша состојба, тој останал фасциниран од патувањата на рударот.
- Патувал во Персија, па во Иран, па преку Советскиот сојуз, така што има повеќе ирански печати, тој има и полска виза, француска транзитна виза, белгиска, а потоа и иранска, не знам што толку минирал во Иран - сегашниот сопственик на пасошот коментира за патниот документ што се користел до 1942 година.
@passport.collector original sound - user521809357565
Потоа, некаде во 1938 година, рударот отпатувал за Германија.
- Погледнете го ова, досега не сум видел германска виза или работна дозвола. Тука пишува Берхтесгаден, каде што бил домот на Хитлер. Еве го продолжувањето на важноста на пасошот на југословенската амбасада, и ова е интересно, има и печат на Независна држава Хрватска од 1942 година, а на врвот повторно е нагласено дека станува збор за рудар – наведува колекторот во видеото.
@passport.collector original sound - user521809357565
Видео и Фото: ТикТок