„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Новата едукативна сликовница „Колку е часот?“ со текст и илустрации од Тодор Трајковски е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето, односно – да ги читаат часовниците.  Ова прво авторско дело на Трајковски, што е класифицирано во едицијата „Сезнајковци“,  неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Колку е часот?“ е еден вид игра. Почнува со преглед на најразличните часовници околу нас, џебниот, рачниот, механичкиот, дигиталниот, уличниот, ѕидниот, часовникот за на шкафче... потоа го внесува ликот на Чаки Часовникот, новото другарче на читателите, со чијашто придружба првин се осознава часовникот како направа, сосе неговите делови, потоа се осознава и концептот на времето, на должината, на траењето на секојдневните нешта и активности.

„Колку е часот?“ нуди и вежби за поврзување и изедначување на механичките и дигиталните часовници, зашто, да се научи да се чита времето значи и спријателување со сите видови часовници одеднаш.

Сликовницата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

ПР објава