Колку е потребно да се вежба во еден ден?
Многумина се прашуваат колку долго треба да тренираат...
Сепак, се поставува прашањето, колку дневно вежбање е доволно?
Огромни научни истражувања во Америка испитале над 1.000.000 луѓе и дошле до следните заклучоци. Еден час вежбање на ден е доволен за вашето тело да се раздрма и вашиот огранизам да се опорави.
Истото истражување покажа дека редовното вежбање значително го подобрува вашето здравје и го намалува ризикот од разни болести и смрт.
Вежбањето може да биде од каков било вид, важно е само да сте во движење. Ако имате тегови, користете ги и ако немате опрема за вежбање, правете вежби како склекови, стомачни вежби растегнување и користете столови, кревети и други работи во вашиот дом кои можат да ви помогнат да тренирате.
Запомнете, ако сте неактивни, го загрозувате животот. Научниците докажаа дека продолженото седење на дневна основа може да има фатални последици за нас. Ако сте неактивни, ризикувате да добиете дијабетес тип 2, проблеми со срцето или дури и да умрете помлади од што треба.
Фото: FashionBeans