Колку може на мажите да им порасне половиот орган кога се возбудени и од што зависи тоа?
Додека на некои мажи половниот орган им останува со истата големина и кога се возбудени, на другите значително им се зголемува. Зошто е тоа така и во која група сте вие?
Научната студија објавена во Меѓународното списание за истражување на импотенцијата (International Journal of Impotence Research) се занимаваше со темата која сигурно е прашање на интерес за многумина - зотоа на некои мажи половиот орган кога се возбудени им останува со иста големина, додека на другите им се зголемува.
Тимот уролози кој работеше на истражувањето во кое учествуваа 274 пациенти вели дека во просек големината на машкиот полов орган станува поголем за околу 4 центиметри кога мажот е возбуден. Сепак, на некои не им се зголемува, а има и такви мажи, чија „машкост“ во возбудата расте многу повеќе од просечните 4 центиметри.
Попрецизно, се испоставува дека околу 26% од мажите може да се пофалат со полов орган кој за време на возбудата расте повеќе од 4 центиметри, додека останатите 74% не може да стигнат до тие дополнителни 4 центиметри.
Исто така, експертите дошле до сознание дека воглавно младите мажи може да се пофалат со „раст“ на половиот орган (во просек на возраст околу 47,5 години, во споредба со 55,9 години просечна возрасна на мажите кои не им расте).
Оваа студија не утврдила дека растот на половиот орган за време на ерекцијата зависи од пушењето, еректилните дисфункции и сличните работи.
Меѓутоа, една поранешна студија од 2014 година, утврдила дека постои врска помеѓу висината на мажите и „дополнителните“ центиметри кои ги добива половиот орган за време на возбуденоста.