Колку време навистина му потребно на телото да се опорави од коронавирусот: Не се две недели или месец
Според универзитетот Џон Хопкинс, повеќе од еден милион луѓе ширум светот се опоравиле од инфекција со новиот вид на коронавирус. Но, не секој оди на ист начин кон целосно закрепнување.
Времето за опоравување зависи од сериозноста на болеста. Некои луѓе ќе закрепнат многу брзо, додека други може да страдаат со недели или месеци, а подоцна да имаат постојани здравствени проблеми. Возраста, полот и другите хронични заболувања го зголемуваат ризикот од сериозни симптоми за време на инфекција со коронавирус, а закрепнувањето може да биде продолжено со долгорочен и интензивен медицински третман.
Благи симптоми
Повеќето луѓе кои добиваат Ковид-19 ќе ги развијат само основните симптоми - кашлица или треска. Може да чувствуваат и болка во телото, замор, болки во грлото и главоболки.
Кашлицата првично е сува, но со текот на времето некои почнуваат да кашлаат слуз што содржи мртви клетки на белите дробови, пишува Би-Би-Си .
Третманот за ова ниво на симптоми е: лежење во кревет, многу течности и лекови против болки, а заздравувањето е многу брзо. Температурата треба да се намали за помалку од една недела, иако кашлицата може да остане некое време. Според Светската здравствена организација (СЗО), за поблаги симптоми на инфекција со коронавирус е потребно во просек две недели за да се опорави.
Посериозни симптоми
Инфекцијата со Ковид-19 може да биде многу посериозна за некои луѓе. Влошување на симптомите во овој случај обично се јавува околу седум до 10 дена по појавата на првите симптоми.
Промената може да биде ненадејна. Инфицираното лице почнува да има потешкотии при дишењето и може да се појави пневмонија. Ова се случува како резултат на прекумерна реакција на нашиот имунолошки систем, при што телото доживува колатерално оштетување.
Во оваа ситуација, некои лица ќе треба да бидат хоспитализирани за да добијат кислород. Според експертите, закрепнувањето од ова ниво на Ковид-19 може да трае меѓу две до осум недели.
Што ако пациентот заврши на интензивна нега?
Светската здравствена организација проценува дека на еден од 20 заразени лица ќе им треба интензивна нега, што може да вклучува и респиратор.
Д-р Алисон Питард, декан на Факултетот за интензивна нега во Велика Британија, смета дека по третманот на интензивна нега, на пациентите заразени со коронавирус ќе им требаат од 12 до 18 месеци за да се вратат во нормално здравје.
Имено, покрај тоа што добиваат инвазивни третмани, пациентите кои подолго време лежат во болнички кревет, губат мускулна маса, па на некои дури им е потребна физиотерапија за повторно да шетаат.
Но, тешко е да се генерализира. Некои луѓе заразени со Ковид-19 минуваат релативно краток период на интензивна нега, додека други знаат да бидат таму со недели