Колку заработува дивата Јелена Карлеуша од „тезга“: Опасна бизнисменка

Па, да речеме дека има осет за бизнис!!!

Никој не ни пoмисли дека не е платена. Не може да не биде ваква дива!!! 

Скандали, убавина, бомбастичен настап, харизма на сцена... Сето тоа го поседува Јелена Карлеуша. 

И таа е во друштво на најплатените балкански ѕвезди како Цеца, Северина, Дино Мерлин, Здравко Чолиќ, Жељко Јоксимовиќ и Лепа Брена.

Просечен настап на Јелена во клуб чини од 15 000 до 20 000 евра, што и го донесе 1-то место кога е доведена во прашање цената на „тезгите“ во Србија.

Претходно беше 12.000 и 10.000, во зависност од тоа каде. На цената влијае сè - на прво место песната и фактот дека некој максимално ја забавува публика, а Јелена навистина го дава својот максимум 

Нејзините настапи чинат малку повеќе од другите, бидејќи инвестира во своите настапи во клубовите. Тоа не е пејачка што зачекори на сцена со бенд... Кога станува збор за Јелена, тука се костумите, светлата, танчерите, екраните ... - пишуваат од Телегарф. рс.