Колку заработуваат близнаците командоси кои го чуваат Роналдо во Саудиска Арабија?
Кристијано
Роналдо неодамна стана член на Ал Наср од Саудиска Арабија и 37-годишниот
Португалец ќе стане најплатениот фудбалер во светот. Тој потпиша договор на две
и пол години, а неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во
оваа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот. Ова е највисоката плата
во историјата на фудбалот, па Роналдо ќе заработи половина милијарда евра
додека трае договорот.
Роналдо беше без клуб повеќе од еден месец откако на 22 ноември го раскина договорот со Манчестер Јунајтед со заедничка согласност. Таму целиот прв дел од сезоната беше во втор план, а потоа отворено се побуни против тренерот Ерик тен Хаг и управата на клубот. Роналдо пред два дена беше претставен спектакуларно, а покрај новинарската придружба го пречека и замокот во кој ќе живее се додека е на платниот список на моќниот клуб.
Дејли Мејл пишува дека Роналдо ќе живее во Ријад, главниот град и најголемиот град на Саудиска Арабија, а замокот во кој ќе престојува има дури осум спални соби, како и три помали вили во истиот двор. Така Португалецот доколку навистина сака ќе може да биде домаќин на целиот тим на Ал Наср.
Покрај тоа, замокот е проценет на 14 милиони евра, а има и олимписки базен и водопад веднаш на влезот од куќата. Се наоѓа во Ал Мухамадија, една од најпрестижните населби во Ријад, а децата на Роналдо ќе одат во меѓународно училиште во Ал Нахел.
Близнаците го чуваат Роналд и неговото семејство 24 часа на ден.
Роналдо беше пречекан во Ријад како вистинска ѕвезда следена од блиску од навивачи, но Португалецот е многу внимателен за неговата и безбедноста на неговото семејство, која ја гарантираат две лица на кои им верува апсолутно. Нивните имиња се Хорхе и Серхио Рамалхеиро. Тие се близнаци и се поранешни командоси кои некогаш биле на мисија во Авганистан.
Браќата го следат 24 часа и иако е тешко да се забележат, бидејќи се обучени дека дискрецијата е најважна, секогаш се на чекор до два од Роналдо. Така беше и за време на официјалното претставување во Ријад, па дури и за време на вечерата со саудиската влада по церемонијата пред два дена.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата веќе подолго време има апсолутна доверба во браќата Рамалхеиро. Со него беа во Торино, беа со него во Манчестер, па за очекување беше сега да биде во Ријад. Освен Роналдо, тие се грижат и за безбедноста на Џорџина, децата и остатокот од семејството.
#Neurona Aautoridades en Portugal investigan a los hermanos Sergio y Jorge Ramalheiro, guardaespaldas de @Cristiano.
— NeuronaSV (@NeuronaSV) December 2, 2021
De acuerdo con información oficial los Ramalheiro integraron las fuerzas especiales de élite en Afganistán, y estarían trabajando para CR7 de manera ilegal. pic.twitter.com/YutawqhITo
Нивната задача е да се осигураат дека нема инцидент и да забележат каква било сомнителна активност пред таа да стане потенцијална опасност. Тие се платени за да се осигураат дека нема проблем, па дури и да има, нивна работа е да го поправат без да забележи играчот или некој околу него.
Не можат да грешат и работата им е многу стресна, но затоа се многу добро платени. Месечно заработуваат по 800 илјади евра. По напуштањето на војската извесен период работеле во полиција, но не можеле да ја одбијат понудата на Роналдо.
„Загарантирана е максимална дискреција, а користат и сателитска технолошка поддршка, па доколку се случи нешто сомнително на снимките, близнаците веднаш се таму. Тие доаѓаат дури и пред полиција“, изјави за медиумите извор близок на Роналдо.
Сепак, ова не е првпат Роналдо своето обезбедување да го довери на висококвалификувани кадри. Во Мадрид го чуваше поранешниот падобранец Нуно Марекос, а во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година во Киев, Португалецот го чуваше поранешниот борец во мешани боречки вештини, Гонкало Салгадо.
Фото: Youtube - screenshot/Твитер